Потпишан договорот за надзор за изградбата на коридорите 8 и 10-Д
Потпишан договорот за надзор за изградбата на коридорите 8 и 10-Д во вкупна должина од 120 километри. За проектот се предвидени 244 милиони евра за оваа година, велат во Владата...

Почна преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-Д. Надлежните очекуваат годинава да стартуваат и градежни активности. Премиерот Ковачевски рече дека е ова најголемиот капитален инфраструктурен проект во историјата на земјава.
Со проектот е планирана изградбата на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан од 22,5 километри, Гостивар – Букојчани од 30,1 километар, Тетово – Гостивар од 27 километри, и делницата од Коридорот-10-Д, Прилеп – Битола 43,4 километри.
Министерот за транспорт и врски Бочварски, рече дека за оваа намена во буџетот на ресорното министерството се предвидени 244 милиони евра.
Владата лани потпиша меморандум со „Бехтел и Енка“, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и за номинирање стратешки партнер за проектот.
Игор Панов
