Инвестиции

Турски компании заинтересирани за инвестиции во земјава

02.02.2023 14:58

До крајот на годината ќе се знае дали ќе плаќаме поскап или поевтин гас, вели министерот Бектеши. Ги повика сите кои имаат лиценца за снабдување со енергенсот да дадат понуди. На денешната седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Македонија и Турција беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка...

Има интерес од страна на турски инвестиции за вложувања во обновливи извори на енергија во земјава. Трговија, индустрија, енергетика, транспорт, здравство, земјоделие, образование – дел од темите на седницата на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Македонија и Турција. Лани трговската размена меѓу двете земји достигнала близу една милијарда долари, а Турција реализирала извоз од 700 милиони долари земјава.

Дали плаќаме поскап или поевтин гас ќе видиме на крајот на грејната сезона рече министерот Бектеши. Според ЕСМ, лани, кога имаше монопол, плаќавме многу поскапо, а сега има конкурентност.

Со данокот на солидарност, кој е планирано да се воведе за сите компании кои за време на енергетската криза оствариле поголем профит од просекот во последните 3-4 години, најверојатно ќе бидат опфатени и енергетските компании кои се формираа минатата година, вели Бектеши. Оценката кои правни субјекти ќе плаќаат ваква дополнителна давачка, ќе оди преку УЈП, односно преку доставувањето на завршните сметки.

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска