Ковачевски: Со повратот на ДДВ кон стопанството ја поддржуваме конкурентноста и ликвидноста на компаниите
Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи. Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.
Компанијата „Виталиа“ постои 30 години и освен во призводство на здрава и специфична храна, инвестирала и во фотоволтаици.
Со моменталната поставеност на ситемот за генерирање електрична енергија, „Виталиа“ користејќи го сонцето обезбедува максимална ефикасност за исполнување на потребите за електрична енергија која се користи за производствените процеси, како и во останатите објекти во компанијата.
Директорката на Управата за јавни приходи, Лукаревска посочи дека компаниите како „Виталиа“, кои се дисциплинирани даночни обврзници се партнер на Владата во заедничко креирање политики.
Искра Ветаџокоска-Муцунска, управител и ко-сопственик на „Виталиа“ истакна дека 30 години компанијата вложува во know-how во производството на здрава храна и задоволувањето на потребите на потрошувачите.
30 години на напорна работа, труд и знаење, вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус.
