Енергетика

Огромен интерес за фотоволтаични централи

04.02.2023 11:37

Со кризата и скапата струја, нагло порасна интересот за фотоволтаични централи. Во Прилеп лани издадени вкупно 50-тина решенија, годинава за еден месец дури 30 барања. Атрактивно станува поставувањето централи на земјиште…

Експресно расте интересот за фотоволтаичните централи. Од ланските 40 решенија на правни субјекти во Прилеп за поставување на покриви и преку 6 за на земјиште, само за еден месец годинава интересот се приближува до ланските бројки. Ќе има и три централи за производство од биогориво. Особено станува атрактивно поставувањето панели на земјиште.

Со новите законски регулативи општините може да одобрат централи до 10 мегавати. За повеќе, преку Министерството за транспорт и врски. За голема централа, со околу 30 мегавати има најава во Долненскиот регион. Од друга страна, поставувањето на земјиште ги зазема плодните парцели.

Далеку сме од искористеноста за производство на енергија од обновливи избори. Македонија е сончева, а Прилеп е меѓу водечките градови. Најстарата централа во Прилеп, од пред десетина години е кај селото Лагово и од еден е проширена на производство до три мегавати.

Елизабета Митреска