Енергетика

ЕСМ: Кусок на енергија се појави еден ден поради голем пад на температурите и зголемена потрошувачка на струја

07.02.2023 15:44

Од компанијата велат, потрошувачката во саботата, 4-ти февруари изнесуваше 18.948MWh, додека во неделата се искачи на 22.331MWh. Поради скокот на потрошувачката, која ги надмина и номинираните количини од ЕВН Хоме, од страна на АД ЕСМ пласирани се 1045 MWh системски услуги со терциерна резерва и регистриран е кусок од околу 820 MWh.

Вкупната потрошувачка на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи (ЕВН Хоме) и дополнителните снабдувања кои ги врши АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба, во неделата на 5-ти февруари 2023-та драстично се зголеми поради наглиот и голем пад на температурата во вечерните часови споредено со претходните денови, информираат од АД ЕСМ.

Од компанијата велат, потрошувачката во саботата, 4-ти февруари изнесуваше 18.948MWh, додека во неделата се искачи на 22.331MWh. Поради скокот на потрошувачката, која ги надмина и номинираните количини од ЕВН Хоме, од страна на АД ЕСМ пласирани се 1045 MWh системски услуги со терциерна резерва и регистриран е кусок од околу 820 MWh.

Сите други денови АД ЕСМ работи во рамките на нормалните граници на снабдување- стои во соопштението од компанијата.

Од ЕСМ нагласуваат дека во моментот снабдувањето е според планот, производството се одвива пред сè преку два блока во РЕК Битола и два котли во ТЕЦ Неготино, како и хидроелектраните и гасната електрана КОГЕЛ/Енергетика.

Согласно планот за производство во текот на утрешниот ден на мрежа ќе бидат вратени Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Следната недела кога се очекува раст на температурите, ќе биде исклучен Блок 2 заради претходно најавени сервисни активности, стои во соопштението.