домашни производи
Николовски: Да се намалат цените на производите
08.02.2023 12:54
Откако добија евтина струја, повик до компаниите да ги намалат цените на прехранбените производи...

Надлежните сè уште испраќаат повици до компаниите да ги намалат цените на основните прехранбени производи. Откако добија поевтина струја, министерот за земјоделство Николовски, вели дека надлежните институции и инспекторати треба да ја завршат работата, да прават редовни контроли за граѓаните да го почувствуваат поевтинувањето.
Продолжува поддршката и за домашните производители, на традиционални органски производи и за малите семејни бизниси.
Алијансата е составена од македонски премиум производи од различни региони, со цел полесен пласман на пазарот и подобра конкурентност.
Александра Максимовска
