ЕСМ

АД ЕСМ на почетокот на годината произведе 40% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани

08.02.2023 13:24

Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023 година, АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе споредено со истиот период во 2022 година...

Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023 година, АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе споредено со истиот период во 2022 година, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021 година.

Планот за производство за 2023 година, заклучно со вчерашниот ден се исполнува 101,50%. Позитивните резултати во 2023 година, се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино и подобрената хидрологија.

Во одредени денови има определени отстапувања во планираното производство кои одат во плус или во минус, односно АД ЕСМ во одредени денови внесува и значајни дополнителни количини електрична енергија во мрежата, повеќе од потребните за дневното снабдување, стои во соопштението од ЕСМ.