Финансии

Издадена деветтата еврообврзница во износ од 600 милиони евра

08.02.2023 19:02

Од Министерството за финансии велат дека парите ќе се користат за отплата на стари долгови, кои доспеваат годинава, најголем дел за еврообврзницата од 2016-та година, за која ќе отидат 450 милиони и камата од уште 25 милиони.

Земјава денеска ја издаде деветтата еврообврзница. Вредна е 600 милиони евра. Од Министерството за финансии велат дека парите ќе се користат за отплата на стари долгови, кои доспеваат годинава, најголем дел за еврообврзницата од 2016-та година, за која ќе отидат 450 милиони и камата од уште 25 милиони. Купонската камата на задолжувањето е 6,25 проценти на годишно ниво.

„Рочноста на новата еврообврзница е четири години, интенција е да се оди со пократок период на отплата за да се намали годишниот буџетски трошок за каматни плаќања“, појаснуваат од министерството, од каде што соопштија дека побарувачката за деветтата еврообврзница била за 2,5 пати поголема во однос на понудената сума.