Министерство за економија
Бектеши: Се рушат рекорди во делот на инсталирани соларни панели
10.02.2023 14:45
Во завршна фаза, со добиени градежни дозволи се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати...
Во завршна фаза, со добиени градежни дозволи се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите.
Според министерот ова е рекорден број на фотонапонски централи коишто се градат во државата досега.
Министерот потенцираше дека интересот за изградба на фотонапонски централи е посебно зголемен, посебно откако беа олеснети условите и постапките за добивање на дозвола.
