Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии, ќе се распише нов
Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик.

Министерството за транспорт и врски ќе распише нов јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии. Јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија, а целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, соопштуваат од Министерството.
На јавниот повик кој траеше до 26-ти јануари 2023-та година, документација доставија три авиокомпании. Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик.
Министерството за транспорт и врски, очекува во најбрзо врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година.
