МТЦ

Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан

15.02.2023 13:08

Министерот Бочварски истакна дека од утре сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите од јавниот повик што ќе биде објавен утре, ќе можат да аплицираат за социјален стан...

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочаврски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓорѓијев, како претставници од Центарот за социјални работи од Гевгелија, денеска извршија увид во изградената зграда за социјално ранливи семејства во Гевгелија.

При посетата, министерот Бочварски истакна дека од утре сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите од јавниот повик што исто така ќе биде објавен утре, ќе можат да аплицираат за социјален стан.

Јавниот повик ќе трае од 16 февруари до 20 март и на него може да аплицираат шест категории на граѓани и тоа: Деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница-социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и самохрани родители со малолетни деца.

Изградбата е во вредност од 102 милиони денари.

Министерот Бочварски истакна дека во следниот период ќе се распределуваат социјалните згради во Демир Капија а потоа и во Неготино.