Завршување на процесот за издавање на еврообврзницата ќе се изврши по изборот на нов министер за правда
Еврообврзницата ќе чека потпис од новиот министер за правда. Целосната постапка за издавањето ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираат од Финансии...

Еврообврзницата ќе чека потпис од новиот министер за правда. Целосната постапка за издавањето ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираат од Финансии. Веднаш по неговиот избор ќе се одржи нова аукција.
Банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики, соопштуваат од министерството.
