ЕСМ

РЕК Битола започна со мини ремонтот на Блок 2

16.02.2023 10:35

Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2, мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели...

Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2, мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели.

Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.

Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија што претставува рекорд во последните 8 години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка.