Македонија

Состанок во МФ во рамки на Финансиско-економскиот дијалог со ЕУ

16.02.2023 16:26

Во Министерството за финансии денеска министерот Фатмир Бесими, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министри од повеќе ресори и претставници на ЕК одржаа средба на високо ниво, а во рамки на Финансиско-економскиот дијалог со ЕУ, во рамки на кој се подготвува Програмата за економски реформи и се донесуваат заеднички заклучоци во Советот на ЕУ во мај секоја година.

Во Министерството за финансии денеска министерот Фатмир Бесими, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министри од повеќе ресори и претставници на ЕК одржаа средба на високо ниво, а во рамки на Финансиско-економскиот дијалог со ЕУ, во рамки на кој се подготвува Програмата за економски реформи и се донесуваат заеднички заклучоци во Советот на ЕУ во мај секоја година. Тоа е процес, кој земјава со ЕУ го спроведува во континуитет 9 години и во кој се утврдуваат препораки и мерки за остварување на поставените приоритети, а го координира Министерството за финансии.

Целта на оваа средба, како и на дијалогот воопшто, е заеднички да се дојде до предлози за препораки што ќе помогнат во остварување на приоритетите на нашата земја за зголемување на економскиот раст во 2023 година. Дискусијата ќе биде важен чекор во подготовката на овогодинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, каде во мај 2023 година заеднички ќе се усвојат новите насоки за земјата.

Владата на РС Македонија на почетокот на овој месец ја усвои Програмата за економски реформи 2023-2025 година, која е деветта по ред, и која содржи клучни секторски структурни реформи на кои треба да се работи во наредните две години со цел зголемување на конкурентноста и растот на економијата.

Тој на средбата се осврна на реформите од фискалната политика што планира да ги презема Министерството за финансии во оваа година.

Министерот изрази благодарност за поддршката од ЕУ, која е обезбедена за земјата преку грант од 80 милиони евра и маркофинаснсиска поддршка од 100 милиони евра.

На средбата од страна на претставниците на ЕК беше даден осврт на спроведување на заедничките заклучоци од ПЕР во делот на структурните политики во областа на зелената транзиција, дигитална трансформација, подобрување на деловното окружување и намалување на неформалната економија, додека ресорните министри ги презентираа идните политики од нивна надлежност што би можеле да бидат дел од заедничките заклучоци.