РЕК-Битола

Од вчера на планиран дводелен мини ремонт на Блок 2

17.02.2023 15:20

Со цел постројките да се држат во постојана кондиција од вчера во планиран двонеделен мини ремонт, влезе Блок 2 на РЕК Битола. Преостанатите две термоелектрани работаат со над 170 мегават часови. По санацијата на Блок 3 ,производството во односот на претходните две години бележи пораст велат во комбинатот. Дека се работи синхронизирано говори и податокот дека нема нарушување на дисбалансот со количините на јаглен на депонија кои и денес се околу 200.000 тони...

Согласно со можностите што ги налагаат временските прилики и зацртаниот производствен електроенергетски план, од вчера нашиот најголем електроенергетски потенцијал работи со две третини од својата инсталирана моќност.

По 80-десетина денови, континуирана работа од последниот помал дефект, во планиран двонеделен мини ремонт, влезе вториот блок на РЕК Битола. Од менаџментот на комбинатот велат дека мора да дојде до освежување на виталните делови до почетокот на капиталниот ремонт. Планираниот застој на оваа постројка ќе се надополнува преку обемот на работа на другите два блока.

Првичните анализи од зимската сезона велат дека по замената на трансформаторот на Блокот 3 и посветеноста на вработените производствените биланси се во подем во споредба со минатите години.

Во моментов на депонија има околу 200.000 тони јаглен што говори дека немало дисбаланси во односот на работењето на термоелектраните и рудниците, вели Матевски. За идната грејна сезона очекува да потечат првите количини јаглен и од новиот рудник Живојно.

 

Стевче Митревски