ТЕЦ Неготино престанува да работи
Доколку увезената цена на електрична енергија е пониска од онаа што се произведува во ТЕЦ „Неготино“, тогаш термоелектраната ќе престане со работа, уверува министерот за економија. По 15 години, првпат во јануари имаме над 80 проценти домашно производство на струја...

Доколку увезената цена на електричната енергија е пониска од производната во ТЕЦ Неготино, ќе се донесе одлука термоелектраната да престане со работа, информира министерот за економија Бектеши, по средбата со македонската енергетска асоцијација. Одлуката ќе се донесе во консултација со ЕСМ.
Договорено е формирање работни групи за изработка на законска регулатива за инсталирање батерии кај електраните што ја користат сончевата енергија, во кои ќе се складира вишокот произведена струја.
Енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија е наше единствено решение како држава, но доколку не се прави организирано може да предизвика проблеми.
Марија Котовска
