Прилеп

Во Прилеп викенд со попусти за да заживее старата чаршија

18.02.2023 11:00

Прилеп го организира првиот викенд со попусти за да се поттикнат трговците и занаетчиите од старата чаршија да ги продадат производите, а граѓаните да може да ги купат. Идејата е добра, ама да биде реална – е ставот и на трговците и на купувачите...

Прилеп ќе им помага на занаетчиите и трговците од старата чаршија да ги продадат производите, а купувачите да добијат попусти кои им ги дозволува буџетот. Над 200 трговци ги поставија налепниците за попустите и до 70 насто. Во градот е првиот аутлет викенд за да ги поттикне трговијата и куповната моќ на граѓаните од регионот.

За граѓаните и трговците акцијата е добредојдена, ама ефектите сè уште непознати.Со короната и економската криза енормно се пораснати трошоците и дел дуќанџии ставија клуч на врата или се преселија.

Градот ќе работи на проекти за повеќе паркинг простор, но и во инвестирања. Прилеп покажува иницијатива, дуќанџиите и купувачите допрва ќе го пресметуваат ќарот.

 

Елизабета Митреска