Потребни се мерки за скалдирање на енергијата
Инвестирањето во технологии за складирање струја ќе помогне да се стабилизира мрежата и максимално да се искористи сончевата енергија-вели универзитетскиот професор, Константин Димитров. Според него стратегија има, потребно е и државата да преземе мерки за управување со вишокот сончева енергија...

Сите што ќе градат фотонапонски постројки треба да имаат и системи за акумулација на вишокот енергија, вели универзитетскиот професор Константин Димитров. Инвестирањето во технологии за складирање струја ќе помогне да се стабилизира мрежата, а истовремено и максимално да се искористи сончевата енергија. Вели стратегија има, потребни се мерки за управување со вишокот сончева енергија.
Според Димитров, потребно е и државата да им помогне и да ги стимулира домаќинствата односно малите производители на електрична енергија од обновливи извори.
Топлото време оваа зима помогна граѓаните да не го оптеретат електроенергетскиот систем, вели Димитров. Тој не очекува ново зголемување на цената на струјата во наредниот период, но очекува нови проблеми со водените површини, кои и така се значително намалени.
Марија Котовска
