Субвенции

Субвенции за сточарите

21.02.2023 08:35

Сточарите и годинава ќе добијат државна финансиска помош. Најголем дел од парите се наменети за одржување на бројноста на стадата и за предаденото млеко, субвенцијата изнесува 5 денари за литар произведено и предадено млеко...

Корисници на средствата се земјоделските стопанства кои стадото ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта и добитокот ќе го чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година.

Сточарите имаат право и на субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци, а висината на директни плаќања изнесува по 1.400 денари.

Дополнително по 2.600 денари, за животно постаро од една година ќе добиваат оние сточари кои го предале своето производство на месо и млеко во регистрирани преработувачки капацитети.

Производителите на говедско месо кои имаат минимум 30 говеда ќе добиваат по 1.500 денари за женско грло.

Дополнителни директни плаќања има и за оние кои продале во преработувачки капацитети, телиња не постари од 24 месеци со минимална тежина од 450 килограми, а услов е да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето. Висината на субвенцијата е 4.000 денари за животно.

За предаденото млеко од октомври 2022 до декември 2023 година, се добиваат по 5 денари за литар за најмалку 300 литри месечно, по едно земјоделско стопанство.

 

Методија Трајков