ОПМ: Прехранбените компании да ги вратат субвенциите за струја во буџетот
Компаниите треба да ги вратат субвенциите за струјата во буџетот, бидејќи не се чувствува намалување на цените. Тие средства да им се вратат на граѓаните, бидејќи тие го хранат буџетот – порача Маријана Лончар од Организацијата за заштита на потрошувачи...

Компаниите треба да ги вратат субвенциите за струјата во буџетот, бидејќи не се чувствува намалување на цените, велат од Организацијата за заштита на потрошувачите. Средствата треба да им се вратат на граѓаните, бидејќи тие го хранат буџетот, вели претседателката Лончар.
Високи цени, една на рафтот, друга на касата, намалување на грамажата на производите се само дел од забелешките кои пристигнуваат во ОЗП од потрошувачи. Сепак, од таму велат дека немаат влијание на слободниот пазар, но може само да посредува меѓу институциите и граѓаните
До крајот на месецов ќе се знае дали ќе продолжи снабдувањето со субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбената индустрија кои досега не ги намалиле цените согласно договореното со Владата. Ќе се проверуваат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените, како што најави министерот за економија Бектеши, ќе продолжат да ја користат поволноста.
Александра Велинова
