Битола

Придобивки од субвенционираната струја

22.02.2023 14:06

На истекот сме од четвртиот месец откако прехранбената индустрија влезе на регулираниот пазар на електрична енергија, а сè уште постојат прашалници колку се почитува договореното за стабилни цени. Потрошувачите велат сликата е шаренолика. Оние производители кои почитуваат со документи презентираат пред медиумите...

Од први ноември владината мерка прехранбената индустрија да го користи регулираниот пазар несомнено овозможи одредена стабилност во производниот процес, но и по близу четири месеци од мерката актуелна е дилемата колку се почитува ветеното за стабилни цени. Потрошувачите велат постои шареноликост.

Стопанските субјекти признаваат дека тоа беше една од најдобрите мерки која му помогна на примарното производство. Оние кој се убедени дека го почитуваат договореното со свои аргументи.

Поевтината струја ги намали трошоците за десетина посто, но во овој период проблеми правеше скокот на цената на сировината, амбалажата и другите репроматеријали за над седумдесет посто што го нарушуваше балансот вели Најдовски.

Враќањето на старата тарифа вели би било нов потрес за производството. Од друга страна очекува голем пад на цените во Европа посебно на тврдата програма што при увоз би било пак шок за домашното млекопроизводство. Ги поздравува преземените заштитни мерки на Србија и вели дека деновиве ќе биде готово неговата петгодишна стратегија, видувања како да се надминат проблемите во оваа дејност.

 

 

 

 

 

Стевче Митревски