ЕСМ

Работна средба АД ЕСМ – КфВ банка за нови инвестиции во обновливи извори

24.02.2023 12:13

Идните инвестиции на АД ЕСМ во обновливи извори на електрична енергија беа во фокусот на средбата меѓу раководството на компанијата и високи претставници на германската државна развојна банка КфВ...

Идните инвестиции на АД ЕСМ во обновливи извори на електрична енергија беа во фокусот на средбата меѓу раководството на компанијата и високи претставници на германската државна развојна банка КфВ.

Банката, која поддржува проекти од енергетската транзиција, е заинтересирана да понуди нови поволни кредитни линии за АД ЕСМ, пред сè, за изградба на фотонапонски електрани во РЕК Битола, но и на други локации во рамките на подружниците низ државата.

Токму со кредит од КфВ е веќе изградена првата фотонапонска електрана во целосна сопственост на државата, односно на АД ЕСМ, ФЕ Осломеј-1 во Кичево, а вчера се потпиша договор за нов заем за ревитализација на шесте големи хидроелектрани: Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица. Со поволни кредитни линии од КфВ финансирани се двете фази од изградбата на ветерниот парк Богданци, како и изградбата на Топлификација за Битола, Новаци и Могила.