„Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ
Нова германска инвестиција во технолошко индустриската развојна зона. Отворена втора фабрика на компанијата „Гересхајмер“...

Германската компанија „Гересхајмер“ почнува втора инвестиција во технолошко-индустриската развојна зона во Скопје. Во фабриката за специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини има 180 работни позиции.
Двете фази на компанијата достигнуваат инвестиција од близу 200 милиони евра, вели директорот на ТИРЗ Деспотовски.
„Гересмајер“ е најголемиот поединечен инвеститор во технолошко-развојните зони во државава. Според менаџментот на компанијата, во план се и нови проширувања на инвестицијата во која има високософистицирана опрема за производство и просечни плати на вработените од 1.000 евра.
Марина Стојанова Тонева
