Македонија

Битиќи подготвен да разговара со пекарите

24.02.2023 14:36

Државата и помогна на пекарската индустрија на начин што ја снабди со струја по цена под берзанската, но само мал дел од стопанските субјекти во овој сектор го исполни договорот, истакна вицепремиерот Битиќи откако пекарите најавија пораст на цените на производите поради недостиг на работници. Вицепремиерот вели дека досега официјално не му се обратиле за помош, но смета дека како и сите други барања треба да се разговара со сите стопанственици...

Владата и помогна на пекарската индустрија кога и овозможи струја по цена далеку под берзанската, но само мал дел од стопанските субјекти го исполни џентлменскиот договор, вели вицепремиерот Битиќи. Изјавите дека ќе поскапат цените на пекарските производи, наместо да паѓаат се заканувачки и не се во духот на партнерскиот однос кој е изграден.

Од Владата велат дека има намалување на цените на дел од производите, но не во посакуваниот обем. Од март се најавува и ново зголемување на минималната плата.

Премиерот Ковачевски смета дека компаниите кои не ги намалуваат цените не треба да добиваат субвенционирана струја, а Пазарната инспекција утврдува кои се причините за овој нивен потег.

 

 

 

 

 

 

Анита Димитријевска Велковска