Економија

Стопанството има недостиг на стручен кадар

25.02.2023 11:46

Стопанството се соочува со недостиг на стручен кадар. Решение се гледа во соработка меѓу бизнис заедницата, средните училишта и универзитетите. Недостига практична настава во реалниот сектор, што може да се реши со платена хонорарна работа на студентите. Младински форум за образование се одржа во Штип.

Младите ги немаат стручните вештини потребни за стопанството, покажуваат анализите на Стопанската комора на Македонија. Недостиг на практични вештини има и кај кадарот со средно и кај оној со високо образование.

Решението е во креирање студиски програми кои ќе продуцираат обучен кадар, но и можност за платена хонорарна работа на студентите.

Универзитетот „Гоце Делчев“ ја јакне соработката со компаниите, а станува и подостапен за талентираните средношколци.

Поради недостиг на стручен кадар, Стопанската комора обезбеди 2,73 милиони евра од Германија за подигање на квалитетот на дуалното образование. Недостигот на обучен кадар е најизразен во машинската, електротехничката, прехранбената и хемиската индустрија.

Славица Величковска