Енергетика

Во изминатото деноноќие произведени 13.114 MWh електрична енергија

27.02.2023 09:52

Во Термоелектраните произведени се 10.435 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.679 MWh...

АД ЕСМ во изминатото деноноќие произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 10.435 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.679 MWh, информираат од владината прес- служба.