Продолжува скринингот во Брисел по кластерот „Внатрешен пазар“
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја предводи македонската делегација за преговори со европските претставници за поглавјето 9 „Финансиски услуги“ и за поглавјето 28 „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.

Продолжува скринингот во Брисел по кластерот „Внатрешен пазар“. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја предводи македонската делегација за преговори со европските претставници за поглавјето 9 „Финансиски услуги“ и за поглавјето 28 „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.
Битиќи за време на престојот во Брисел ќе има средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони, со генералната директорка за образование, млади, спорт и култура во Европската комисија, Темис Кристофиду и со директорот на секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикич.
