УЈП

Осумгодишно дете- најмлад милионер во земјава

27.02.2023 13:26

Управата за јавни приходи ги презентираше остварените највисоки годишни приходи за 2021-ва година. Највисоката плата во земјава е 122,3 милиони денари исплатена кај граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун. УЈП бележи раст кај вкупниот приход и кај данокот на личен доход кај граѓаните. Во 2021-ва зголемен е и бројот на граѓани кои имаат приход над 100 милиони денари.

Осумгодишно дете е најмладиот милионер во земјава со остварени приходи од над еден милион денари, а највисоката плата исплатена во 2021-ва изнесува 122,3 милиони денари кај граѓанин од Скопје за дејноста трговија на големо со тутун, покажуваат анализите на УЈП на годишните даночни пријави.

Најголемата капитална добивка тежи 130 милиони денари, а највисоката регистрирана добивка за игри на среќа е 41 милион денари. 5,8 милиони денари е највисокиот износ на пензија добиена од странство, вели Лукаревска.

Според анализите на УЈП расте вкупниот приход и данокот на личен доход кај граѓаните. Во 2021-ва зголемен е и бројот на граѓани кои имаат приход над 100 милиони денари. Лукаревска ја соопшти и бројката на вработени кои немаат добиено плата за изминатите два месеци.

Лукаревска информираше дека во собраниска процедура се измените за мерката МојДДВ со која се предвидува граѓаните наместо сегашните 1.800 да добијат поврат од 2.200 денари.

Викторија Милевска