РКЕ

Пониска цена на горивата од полноќ

27.02.2023 13:41

Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, 83,5 денари на Еуросупер БС – 98, а 76 денари на Еуродизел БС (Д-Е V)...

Бензинот Еуросупер БС-98 и дизел горивото поевтинуваат за денар, а бензинот Еуросупер БС-95 за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија.

Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, 83,5 денари на Еуросупер БС – 98, а 76 денари на Еуродизел БС (Д-Е V).

Со одлуката на РКЕ, за 1,5 денари се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и литар ќе чини 75 денари, а за 0,064 денари поскапува мазутот М-1 НС и килограм ќе се продава за 41,266 денари.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 проценти.