МЗШВ

Пари за Центрите за развој на планинските региони

28.02.2023 08:13

Денеска е последен ден за аплицирање за субвенции на Центрите за развој на планските региони за проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини. Максималниот вкупен износ на финансиската поддршка издвоена за оваа намена е 13 милиони денари...

Право на учество на јавниот повик имаат Центрите за развој на планските региони. Субвенциите се однесуваат за проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливите површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Максималниот износ на средства за кој може да се аплицира е 4,2 милиони денари по барател и тоа за трошоци за изведба на проектот, а крајниот рок за доставување на барањата за финансирање истекува денес.

Еден корисник до Министерството за земјоделство може да поднесе само едно барање. Доколку планскиот регион има повеќе предлог-проекти, тие треба да се означат со редослед за приоритет на финансирање.

Постапката за избор со предлогот за одобрување на барањето ја спроведува комисија формирана од министерот, а ќе се спроведе без разлика на бројот на доставените барања.

Изборот ќе се врши врз основа на критериумите за бодирање утврдени во програмата за капитални трансфери за невладини организации од областа на земјоделството и руралниот развој. Тие ќе бидат известени по писмен пат за денот на потпишување на договор за финансирање.

 

Методија Трајков