РКЕ

Бислимовски: Нема да дозволам поскапување на водата, за јавните претпријатија да бидат фабрика за вработување

28.02.2023 14:24

Регулатората комисија в четврток ќе решава за барањата на општините за нови тарифи на водата. Бислимоски, вели дека ќе се донесе одлука и за Скопје, бидејќи тоа го побарале од скопски „Водовод“...

Нема да дозволам поскапување, за јавните претпријатија да бидат фабрика за вработување. Вака првиот човек на Регулаторна, Бислимовски им одговори на општините кои поднеле барање за корекција на цената на водата. Најголем интерес во јавноста поттикна барањето на локалната самоуправа во Охрид за зголемување на цената за 70 проценти. За Бислимовски, предлогот е нереален.

„Цената на електричната енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и дека таа субвенција ќе продолжи и во наредните три месеци таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција и минималната цена која ќе ја донесеме во четврток ќе значи намалување на цената за вода во Град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е. Ова ќе биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека кога ќе поднесат барање треба да останат на тоа барање, а не да политизираат. Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала“, изјави Бислимовски.

В четврток регулаторот ќе одлучува за барањата на општините и Град Скопје за новите тарифи на водата. Но, конечниот збор го имаат советите на локалните самоуправи.

Комисијата информираше дека скопски „Водовод“ побарал зголемување на цената во просек за 30 денари, но РКЕ дала предлог- цена којашто ќе значи зголемување од 7 денари.

Скопски „Водовод“, пак, реагираше дека не побарале повисока цена, туку утврдување на тарифа поради зголемените трошоци за претпријатието.

 

Викторија Милевска