Скопје

Втор Економски Форум во Скопје

01.03.2023 09:06

Во Скопје денеска ќе се одржи Вториот економски форум во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис-асоцијација...

Во Скопје денеска ќе се одржи Вториот економски форум во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис-асоцијација. Фокус на форумот ќе биде ставен на просперитетот во време на пресврти.

Форумот ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, а најавено е учество на повеќе политичари меѓу кои и премиерите на Косово и Црна Гора, Албин Курти и Дритан Абазовиќ.