Економија

Бектеши ќе учествува на Министерски состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена во Загреб

01.03.2023 09:53

Бектеши ќе зборува на панел сесијата „Стратегии за оптимизација на мрежата во енергетската транзиција“ како и на панел сесијата „Критична инфраструктура“.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре ќе учествува на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска се одржува во Загреб.

Во придружба на министерот Бектеши се и генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Бектеши ќе зборува на панел сесијата „Стратегии за оптимизација на мрежата во енергетската транзиција“ како и на панел сесијата „Критична инфраструктура“.

Во рамки на Министерскиот состанок во Загреб предвидени се и средби на министерот Бектеши со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко како и министерот за енергетика на Бугарија, Росен Христов.