Економски форум

Економијата е стабилна, инвестирајте- повика Ковачевски

01.03.2023 12:52

Економијата е стабилна во време на најголема криза, инвестирајте – повика премиерот Ковачевски на вториот Економски форум во Скопје. Фокусот да се помести на реформите, работиме напорно на евроинтеграциите на Западен Балкан – порача од ЕУ...

Да не се вртиме кон минатото, туку да се фокусираме на иднината за да ги подобриме нашите економии, за подобар стандард и поквалитетен живот, порача премиерот Ковачевски од Економскиот форум Делфи во Скопје.

Ги повика компаниите да инвестираат во земјава, бидејќи како членка на НАТО, сме препознаени како фактор на стабилност на Балканот. Според македонскиот премиер од клучно значење за трговската размена во регионот и пошироко, се „зелените коридори“, за што повика да се работи заеднички. Најави дека економијата е стабилна во време на најголема криза. Најави дека ќе расте.

Иднината на земјите од Западен Балкан е во европското семејство. Поддршка за земјава на патот кон исполнување на реформите и од грчкиот бизнис сектор.

Во фокусот на вториот Економски форум-руската агресија врз Украина како постојана тревога за Европа. Учесниците ветија засилена финансиска поддршка за Украина.

 

 

Викторија Милевска