Битолските пекари изутрината не доставија леб до маркетите
Битолските пекари го исполнија ветеното. Изутрина не доставија леб до маркетите и колонијалните продавници. На рафтовите мали количини на леб од пекарите од општините Кичево и Кривогаштани кој и пред одлуката за замрзнување на цените лебот го продаваа по актуелнава цена. Се зголемува продажбата на брашно и се поставува прашањето ќе се активира ли домашното сукало...

Полиците за леб на битолските продавници изутрината празни. Битолските пекарници не доставија леб револтирани од мерката за замрзнување на продажната цена. Малкумина се снабдија од лебот кој го носат малите пекари од општините Кичево и Кривогаштани чија цена остана иста пред владината мерка. Веќе се купуваат поголеми количини на брашно. Дали од утре леб ќе се пече во домашните шпорети.
Ако белото печиво некако биде обезбедено како тогаш да се справиме со цените на останатите основни прехранбени продукти. Иако производителите во своите калкулации го оправдуваат постојаното поскапување за да бидат рентабилни потрошувачите велат тешко се полни месечната кошничка за што не се доволни ниту две минимални плати.
Во вакви пазарни услови државните органи треба да се поажурни за наводната злоупотреба од една но и за заштитата на домашното производство, од друга страна.
Стевче Митревски
