РКЕ достави предлог за цената на водата во Скопје
Најниската цена е 31,87 денари, а највисоката 34,82 денари, што е за 9 насто повеќе од постоечката...

Регулаторната комисија за енегетика и водни услуги ја утврди минималната и максималната тарифа за водата во Скопје. Најниската цена е 31,87 денари, а највисоката 34,82 денари, што е за 9 насто повеќе од постоечката.
„Сметам дека 29 или 30 денари не претставува никаков проблем за претпријатијата, односно граѓаните. Тоа се 30 денари на месечно ниво, доколку се реши од страна на Водовод и канализација и од Советот на Град Скопје да се прифати максималната тарифа“, изјави првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски.
Предлогот ќе се достави до Водовод- Скопје за да донесат своја одлука, што треба да ја одобри Советот на Град Скопје. Ако се прифати максималната цена, за граѓаните зголемувањето на сметката би било 30 денари.
