Загреб

Бектеши: Работиме на изградба на безбеден енергетски систем за забрзување на енергетската транзиција

02.03.2023 13:25

Министерот за економија Крешник Бектеши на Панел дискусијата „Критична инфраструктура“ во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатлантска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска...

Северна Македонија минува низ големи промени во инфраструктурата во енергетскиот сектор. Се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминираат во производството на електрична енергија. Системот на дистрибуција на природен гас е во развој на нови интерконекции со соседните земји. Дистрибутивна гасоводна мрежа ќе се прошири во сите најголеми општини. Мрежите за дистрибуција на гас ќе бидат дизајнирани за најголемите општини и системите за централно греење и ладење се планирани за погусто населените области на нашите општини. Како резултат на овие инвестиции и промени во енергетската инфраструктура, државата има зголемена потреба од паметни мерачи, софтвер управуван од вештачка интелигенција како и капацитети за складирање на електричната енергија од обновливи извори.

Ова горече министерот за економија Крешник Бектеши на Панел дискусијата „Критична инфраструктура“ во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатлантска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска се одржува во Загреб.

Како што истакна министерот на Панел дискусијата, Северна Македонија е сериозно посветена на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси и реализација на зеленото сценарио, кое предвидува целосно затворање на капацитетите за производство на електрична енергија од јаглен до 2035 година година.

Министерот Бектеши рече дека како што е случај со сите земји, електроенергетската мрежа на Северна Македонија има и ќе продолжи да се соочува со зголемен број предизвици во транзицијата кон производство на чиста енергија.