Македонија

Поскапува екстра лесното масло за домаќинството

02.03.2023 13:26

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,452%, кај дизелот за 2,228%, кај екстра лесното масло за 3,176% и кај мазутот зголемување за 0,701%...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на одлуката од 27.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,452%, кај дизелот за 2,228%, кај екстра лесното масло за 3,176% и кај мазутот зголемување за 0,701%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,416%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 3.3.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75700 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,266 (денари/килограм)