Македонија
Дизелот поскапува од вечерва на полноќ
03.03.2023 14:20
ЕУРОСУПЕР 98 и 95 остануваат по иста цена, односно 83,5 и 81,5 денари по литар...

Дизелот од вечерва поскапува за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Бензините остануваат по иста цена.
Од вечерва на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 78 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 и 95 остануваат по иста цена, односно 83,5 и 81,5 денари по литар.
Остануваат исти и цената на екстра лесното масло, и мазутот, кои ќе се продаваат по 77, односно 41,3 денари по литар.
