МТСП ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка
На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика се објавени, корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош...

Објавени се списоците на корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза. Како што информира Министерството за труд и социјална политика, паричните средства ќе бидат исплатени на 13-ти март оваа година.
На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика се објавени, корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
На веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).
Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: [email protected].
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика, веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето, соопштуваат од МТСП.
