Денеска се одржува аукцијата за деветтата еврообврзница
Еврообврзницата требаше да биде издадена во февруари, но, постапката се искомплицира со оставката на тогашниот министер за правда Тупанчески, кој требаше да стави потпис...

Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница, соопшти Министерството за финансии. Од ресорот очекуваат процесот да биде успешен.
„Сумата на којашто ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот“, велат од Министерството за финансии, од каде што уверуваат дека ќе успеат да одржат најоптимално должничко портфолио. Еврообврзницата требаше да биде издадена во февруари, но, постапката се искомплицира со оставката на тогашниот министер за правда Тупанчески, кој требаше да стави потпис.
Еврообврзницата којашто пропадна во февруари беше на износ од 600 милиони евра.
