Финансирање на земјоделски производители
Земјоделските производители на храна од неживотинско потекло можат да се јават на повикот за доделување на неповратна финансиска поддршка. Грантот се однесува за инвестиции во набавка на опрема и користење на услуги кои за развој на семејни бизниси …

Висината на финансиската поддршка е до 600.000 денари по корисник за трошоци за набавка на опрема за производство, доработка и преработка на храна во висина до 90 проценти или трошоци за ангажирање на стручно лице-технолог до 10 проценти од вкупниот износ на финансиската поддршка по корисник.
Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства запишани во регистарот на Министерството за земјоделство и регистрираните или евидентираните земјоделци како оператори со храна од неживотинско потекло.
Со овој повик не се опфатени пчеларите и производителите на вино, пиво и жестоки алкохолни пијалаци. Доделувањето на грантот е по принципот е прв дојден, прв услужен се до исцрпување на средствата, а доколку останат пари, можат да бидат искористени за други јавен повик.
Одобрените средства во вкупниот износ се исплаќаат авансно на сметката на корисникот. Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 25 дена од 27-ми февруари, денот кога е објавен јавниот повик.
Методија Трајков
