Македонија

Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките еко бизниси во Струга и Поградец

07.03.2023 10:20

Субвенции ќе добијат 40 мали компании во двете погранични општини Струга и Поградец за поставување соларни панели и подобра енергетска ефикасност. Целта е подобрување на туристичката инфраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина...

Ќе се поддржуваат туристичките еко бизниси во Струга и Поградец. Целта е подобрување на туристичката инфраструктура преку вложување во зелени бизниси, за заштита на животната средина. Поголема промоција на природното и културното наследство, историските знаменитости, како и привлекување на што повеќе туристи.

Субвенции за поставување соларни панели и подобра енергетска ефикасност ќе добијат 40 компании од туристичкиот сектор, во двете погранични општини.

„Да ги слушнеме еко бизнисите и нивните потреби коишто ги имаат. Како проект, следна активност ни е инсталација на 40 соларни панели, по дваесет во секоја општина, во Струга и Поградец“, вели Кристина Најдовска Илиевска, проект менаџер.

Интересот кај стопанствениците е голем, особено во време кога поголемиот дел од хотелско угостителските компании се соочуваат со предизвиците од енергетската криза.

„Бизнисот да биде еко или да има потенцијал да биде еко, да биде мал бизнис, од областа на туризмот, односно туристички провајдери и агенции, хотели, угостителски објекти“, појаснува Илиевска.

Проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство - COOLTOUR“, започна да се реализира во јануари лани, а ќе трае до крајот на идната година. Финансиран е од Европска унија, преку програмата на ИПА II за прекугранична соработка.

Соња Рилковска