Ковачевски: Поволни услови за нови инвестиции и нови работни места
Ковачевски денеска оствари работна посета на телекомуникациската компанија МТЕЛ. Премиерот им честиташе на менаџерите за успешното работење, за постигнатите резултати и за позитивниот развој на пазарот...

Премиерот Ковачевски денеска оствари работна посета на телекомуникациската компанија МТЕЛ. Компанијата досега во има инвестирано 4 милиони евра, а има планови за понатамошни зголемувања на инвестиции.
„Драго ми е што странските, но и домашните инвеститори во Владата гледаат свој партнер за напредок и развој. Ние се стремиме да создаваме услови по светски терк, за безбедно инвестирање, неопходни за непречено функционирање на компаниите. Нашите политики се со единствена цел да го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Со создавање поволни и безбедни услови за нови инвестиции овозможуваме отворање на нови, добро платени работни места. Како Влада ќе продолжиме да ја јакнеме конкурентноста и да создаваме силна домашна економија“, истакна премиерот Ковачевски.
Менаџерскиот тим на МТЕЛ изрази благодарност до премиерот Ковачевски за посетата на компанијата и можноста да ги споделат нивните планови за нивниот иден развој во Северна Македонија, за кој истакнаа дека имаат навистина големи амбиции, соопштуваат од владината прес- служба.
