Земјоделство

Над 50 хектари со зеленчук под пластеници во струмичко Банско ќе останат без вода

08.03.2023 12:27

Земјоделците од струмичко Банско остануваат без електрична енергија потребна да ја користат геотермалната вода за загревање но и наводнување на своите пластеници. Побараа од Министерството за животна средина да им даде дозвола за водно право и да добијат струја за пумпите. Од Министерството соопштија дека за реонот Банско веќе има издадено концесија на фирма со која земјоделците треба да се договорат околу искористување на геотермалната вода...

Над 50-тина хектари пластеници со зеленчук ќе останат без вода, откако ЕВН не им ги продолжува договорите на земјоделците да користат струја за испумпување вода од бушотините геотермална води, кои со години ги користат. Компанијата им бара дозвола од Министерството за екологија за таа намена, која во моментов раноградинарите од Банско ја немаат.

Разочаран е и младиот земјоделец Александар Мицевски. Тврди дека на овој начин, државата ги тера да младите да се иселуваат во странство, а не да останат од нивите.

Од Министерството за животна средина соопштија дека за реонот со геотермалната вода во Банско, државата веќе има издадено концесија на фирма, со која земјоделците треба да се договорат.

„Индивидуалните земјоделци не можат да го остварат водното право, бидејќи за тоа подрачје веќе е доделена концесија, но за потребите на оранжериите можат да обезбедат водно право преку концесионерот. Геотермалните води не може неконтролирано да се користат“, стои во одговорот од Министерството за животна средина.

Земјоделците од Банско бараат да се реши нивниот проблем, бидејќи оранжериите веќе се засеани со зеленчук и доколку немаат вода целото производство ќе пропадне.

Земјоделците од струмичко Банско, остануваат без електрична енергија која им е потребна да ја користат геотермалната вода за загревање, но и за наводнување на своите пластеници. Побараа од Министерството за животна средина да им даде дозвола да имаат водно право и да добијат струја за пумпите. Од Министерството соопштија дека за реонот Банско веќе има издадено концесија за искористување на геотермалната вода, на фирма со која земјоделците треба да се договорат.

Ване Трајков