АД ЕСМ
Блок 3 на РЕК Битола попладево ќе биде плански исклучен од мрежа
09.03.2023 16:47
Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозвулаат тоа...

Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката, информираат од АД ЕСМ.
Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозвулаат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет- стои во соопштението.
