енергетика

Во изминатото деноноќие произведени се 14.579 MWh електрична енергија

10.03.2023 10:09

Произведени 14.579 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ…

АД ЕСМ вчера произведе 14.579 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 10.986 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.593 MWh, соопштуваат од владината-прес служба.