Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција рече дека се намалува и замрзнува цената на тестенините и млечните производи...

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција рече дека се намалува и замрзнува цената на тестенините и млечните производи.
Цената на тестенините ќе биде замрзната на 15 отсто пониско од цената која била во продавниците на 1 март 2023 година, односно ќе се намали во просек, за околу 8 до 9 денари.
Се укинуваат царинските давачки и за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година, до 31 мај 2023 година, дополни Ковачевски.
„Трајно кравјо млеко, со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал, со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлака и јогурт без додатоци. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цени кои се применувале на 1 март 2023 година во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 10%. Оваа одлука ќе се применува од 17 март 2023 година, до 31 мај 2023 година“, рече Ковачевски.
