Македонија

СГИП и Здружение на градежништво: Домашниот сектор е пред затворање

10.03.2023 14:19

Од Синдикатот за градежништво реагираат на индолентниот однос кон работниците во секторот, а се ангажираат странски фирми за изградба на патната инфраструктура. Иако се најавува ангажман од 51 насто на домашни работници, сепак градежниците велат дека тие ќе работат како подизведувачи. Бараат средба со Владата, во спротивно најавуваат протест...

За пет години бројот на градежниците се намалил и сега има помалку од 50 илјади вработени. Од Синдикатот велат дека за една година си заминале околу 12 илјади градежници. Тие бараат итна средба во Владата, бидејќи, како што велат, состојбата во градежништвото е алармантна. Домашните компании се соочуваат со тешкотии во работењето затоа што големите инфраструктурни проекти ги добиваат странски компании.

Од Здружението за градежништво при Стопанска комора велат дека за ова предупредиле пред две години.

Посочуваат дека не е исто да се биде изведувач и подизведувач, и бараат да бидат главни изведувачи. Ги посочија надлежните во земјава дека ги прекршуваат законите кои ги носат, и дека не се почитува Меѓународната конвенција за организација на трудот. Најавија дека ќе бараат средба со владините претставници бидејќи не ја исклучуваат и можноста за штрајк.

 

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска