Битиќи во посета на компанијата „Соко Горица“
При посетата, вицепремиерот Битиќи рече дека е горд за средбата со госпоѓа Горица која е сопственичка на компанијата која успешно работи веќе скоро три децении, и претставува инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја...

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посети компанијата „СОКО Горица“ ДООЕЛ Скопје.
При посетата, вицепремиерот Битиќи рече дека е горд за средбата со госпоѓа Горица која е сопственичка на компанијата која успешно работи веќе скоро три децении, и претставува инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја.
Вицепремиерот додаде дека особено го радува последна инвестиција на „Соко Горица“ во истражување и развој, каде тим на инженери и техничари ќе работат на создавање на техничко-технолошка шема на производство со висок степен на автоматизација и роботизација.
„СОКО Горица“ е домашна успешна компанија, семејна традиција која датира од 1994 година специјализирана во производство на овошни и освежителни пијалаци пакувани во популарните мали пакувања (200мл), светски познати како Doy-pack.
Сопственичката Горица Спасеска изрази голема благодарност до Владата за државната помош која и ја дава на компанијата, додавајќи дека тоа влијае на нивната перформанса и ги прави конкурентни на пазарот.
Владата на Република Северна Македонија преку кабинетот на вицепремиерот Битиќи финансиски ја поддржува компанијата „Соко Горица“ со државна помош по Законот за финансиска поддршка на инвестиции за инвестициски циклус од 5 милиони евра.
